Д-р Беќаровски: Децата се сликаат со воена опрема, а библиотеките, театрите и музеите зјаат

И доктор Нико Беќаровски со реакција за сѐ почестите „паради на оружје пред децата“. Деновиве имаше реакции и од други лица што воените вежби и изложбите на оружја и воена опрема се случува пред очите на децата.  

- Некои нови НАТО вредности. Колку е оправдано, образовно и воспитно да се носат малолетни деца да гледаат, допираат и да се сликаат со современи оружја за масовно убивање луѓе? Да биде пародијата уште поголема скоро сите национални ТВ "отрчаа" веднаш да ги интервјуираат „среќните дечиња" и нивните „горди татковци". Во меѓувреме библиотеките, театрите, музеите зјаат полупразни. Насилството децата го учат од возрасните, констатира д-р Беќаровски.