Ќе се исклучува централата ТЕ-ТО, била руска инвестиција

Не стигнуваат реакциите кон најавената контроверзна инвестиција што ќе ја гради грчкиот инвеститор “Митилинеос“. Денес министерот Фатмир Битиќи најави дека откако ќе се изгради оваа централа Владата планира да ја исклучи од енергетскиот систем когенеративната централа “Те-То“ зошто била руска инвестиција пренесува Фактор.

 - “Централата Те-То ќе ја исклучиме затоа што е руска инвестиција. Наскоро ќе започне изградбата на гасоводот со Грција и ние повеќе нема да бидеме зависни од нив – рече Битиќи.

“Митилинеос“ ќе треба да ја изгради централата за 5 години и се очекува покрај електрична енергија, да произведува и топлинска енергија која што би била за 40 отсто поевтина но затоа нема да видиме некои големи поволности околу продажбата на струјата која на ЕСМ ќе му биде продавана за само 5 % од берзанската цена.

Според Битиќи, “Те-То“ треба да се затвори од стратешко безбедносни причини и покрај тоа што оваа компанија многу помогна со своето работење во енергетската криза.

Владата на новиот инвеститор кој треба да ја гради когенеративната гасна централа на просторот на Железарницата му дава низа погодности, што беше повод за реакција на експертската јавност која бара енергетските капацитети да ги гради државата.