Д-р Беќаровски: Судиите земаат колку 2,5 просечни лекарски плати

Д-р Нико Беќаровски и натаму гласен за неправедните примања на лекарите во земјава. 

Вели дека во Македонија судиите земаат колку 2.5 просечни докторски плати, иако спасуваат животи! 

- Ако Лекарската Комора не излезе со јасен став околу повторното предавство од страна на Здравствените синдикати (второ во рок од четири месеци) кон докторите од јавното здравство, време е за НЕЗАВИСЕН ДОКТОРСКИ СИНДИКАТ ВЕДНАШ! Да има кој да ги брани докторските интереси. И д-р.Љубиша Каранфиловски и д-р Предраг Серафимовски веќе не можат и не смеат да преговараат во име на докторите.Сѐ што претходно д-р Дејан Ставриќ и д-р Горан Беговиќ створија, овие за 4 месеци го распродадоа.

Во САД просечната годишна плата на судиите е 248.000 долари, на докторите 298.000 долари, во Македонија просечната судиска плата е 2.5 просечни докторски, вели познатиот доктор во својата фејсбук објава.