Чизкејк или попладневно уживање, ова е рецептот

За ова попладне може да си пружите на себе и на своите најмили, слатко задоволство кое ќе се топи во вашите усти. Направете чизкејк по овој рецепт и уживајте до последната трошка од овој десерт!

Потребни ви се само:

  • 5 јајца
  • 100 гр. шеќер
  • 100 гр. кокосово брашно
  • 1 кг. шумско овошје
  • 20 гр. желатин

Најпрво загрејте ја рерната на 190 степени, па изматете ги јајцата и шеќерот со миксер. Следниот чекор е да го додадете кокосовото брашно во веќе изматената смеса од јацата и шеќерот и повторно да изматите со миксер, по што ќе ја истурите целата смеса во тава за печење и ќе оставете да се печи 30 минути на температура од 190 степени.

Филот се подготвува додека тестото се пече, па така најпрво во тенџере ставете 1 килограм шумско овошје, измешајте и изблендирајте го овошјето. Во ново тенџере ставете 20 грама желатин, додадете вода и за крај измешајте.

Кога ќе биде готово тестото извадете го од рерната.

Желатинот додајте го во блендираното овошје и измешајте го филот. Пред да го истурите овошниот фил врз тестото, ставете фолија по краевите од тенџерето, па налијте го филот одозгора. Оставете да се излади во фрижидер околу 10 часа, и потоа сервирајте ја тортата со кафе.

Наздравје!