Нова димензија на омилената торта, со вкус на кој не можете да му одолеете.
Состојки:
200 гр мелени интегрални бисквити
100 гр омекнат путер
Лажица шеќер во прав
Пакетче желатин растворено во 15 мл вода
250 гр крем-сирење
250 гр маскарпоне
Малку Бејлис
200 мл кондензирано благо млеко
300 мл слатка павлака
100 гр рендано чоколадо
Подотовка:
Најдолу во калапот нанесете ја смесата од бисквити, путер и шеќер во прав. Обидете се да биде што порамномерна.
Со миксер изматете го крем-сирењето и маскарпонето, ставете две лажици Бејлис, додавајте ги другите состојки, желатинот и на крај крупно ренадното чоколадо.
Оставете да се стегне неколку часа и прелијте со стопено млечно чоколадо.