Ќе ви мириса целата куќа на овие прекрасни фритули!

Потребни состојки:

– 400 мл јогурт
– 2 јајца
– 2 пакетчиња ванилин шеќер
– малку сол
– 2 лажици шеќер
– 20 лажици брашно
– 1 пакетче прашок за печиво
– 1 лажица ракија
– масло за пржење

ПОСТАПКА:

Измешајте ги сите состојки, да добиете мазна смеса.

Ако смесата ви е ретка (ви се разлева од жицата) слободно додадете уште малку брашно.

Вадете со лажица (и со друга помагајте си за да ги одвојувате) од смесата па пржете во врело масло. Маслото не смее да биде премногу врело.