Автомобилска несреќа на автопатот Скопје-Куманово: Повредени две лица

На 27.06.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, во близина на влез за Меѓународен аеродром-Скопје, патничко возило „шевролет матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.