Алое вера – најдобра состојка за кожата во текот на летниот период

Голем дел од нас ги избираат производите со алое вера во текот на летото, само откако ќе изгориме на сонце.

Photo by Jessica Lewis on Unsplash

Но, тоа не треба да биде така. Алое верата треба редовно да се користи за здрава и свежа кожа. Тоа е така бидејќи оваа состојка ја хидрира кожата и ја штити од разни иритации во текот на летниот период.

Оваа билка содржи полисахариди, односно шеќери кои ја заштитуваат бариерата на кожата, но и ги освежуваат клетките на кои им е потребна хидратација, особено кога се изложени на сончевите зраци. Затоа и алое верата е одлична состојка по мали изгореници од сонцето, но и за редовно користење.

Photo by Diana Polekhina on Unsplash

Освен тоа, тоа е природна состојка што значи дека е погодно за сите типови кожа, а особено за оние кои имаат чувствителна кожа или кожа склони на акни. Тоа може да се нанесе на кожата во чист облик или пак како составен дел на производите за нега на кожа.

Сепак, пред да почнете да го користите во својата рутина, треба да знаете дека во светот постојат 200 видови билки, но само четири од нив имаат лековити својства, а тоа се алое феро, алое сапонариа, алое перви и алое арборенсис.

Алое верата содржи многу хранливи состојки, а е богато и со следните витамини и минерали: калциум, бакар, натриум, магнезиум, цинк и калиум како и витамин Ц, Б и Е, како и фолна киселина.