Потребни состојки:
4 парчиња пилешко бело месо
1 лажица растопен путер
Сол бибер
За сосот:
2 лажици путер
1 мал кромид
1 ½ лажица брашно
2 лажици кари
¼ l пилешка супа
4 лажици полномасна павлака
Сол и бибер
1 лажичка сенф (по вкус)
Подготовка:
Пилешките гради испржете ги на путер, премачкани со сол и бибер или уште некој зачин по желба.
За сосот растопете го путерот на средна температура, во поголем сад. Додајте го кромидот и пржете додека не омекне. Додадете го брашното и карито. Постепено мешајте и додавајте ја пилешката супа. На крај додадете ја и павлаката и сенфот. Варете и мешајте додека сосот не се згусне. Зачинете и посолете.
Пилешките стекови може да ги послужите со крцкав компир и да ги прелиете со сосот од кари.