Ако сè уште ја чекате вистинската љубов, ова е вистинското писмо за вас...

Дали ја барате сродната душа и очекувате да ја најдете? Ова е порака за сите оние кои се во потрага по љубов, не затоа што им е потребно некој да ги надополнува, затоа што сакаат да сакаат и да бидат сакани.

Писмо кое ви го испраќа љубовта од иднината!

Драга идна љубов,

Знам дека требаше да ти пишам порано. Прости ми. Имам чувство дека мислиш дека не постојам. Јас постојам. Сакам да ти кажам дека иако делувам недофатливо како сончевиот зрак или сенката, тука сум, во близина. Зад аголот сум, во соседната улица или во соседниот град, на Фејсбук, можеби во твојата канцеларија, во локалната продавница, а можеби и воопшто не ме познаваш (сè уште). Можеби некогаш сме се разминале на улица. Но, блиску сум. Но, сè уште не е дојдено нашето време. Знам дека се прашуваш зошто. Можеби не делува фер тоа што треба да чекаш толку долго, да одиш на лоши состаноци, да имаш лоши врски, да се чувствуваш несфатено, да се чувствуваш осамено... 

Но, еве ги причините поради кои уште не сме се запознале:

  1. И натаму цврсто се држам за листите за тоа каква личност треба да бидам и не знам како да ги прифатам луѓето онакви какви што се.

  2. Моментално сум со погрешна личност.

  3. Уште не ми е достигнато нивото да можам безусловно да сакам.

  4. Мојот живот не е сосема среден. 

  5. И натаму верувам дека драмата е показател за љубовта. Не заслужуваш драма.

  6. И натаму премногу размислувам со главата и заборавам на срцето. 

  7. Потребни ми се уште неколку лоши искуства во врските за да сфатам што сакам, а што не. 

  8. Нема да те ценам додека животот не ме научи на некои лекции.

  9. Премногу се фокусирам на моите потреби. 

  10. Сè уште не знам како да го отворам своето срце.

Како што гледаш, уште не сум најдобрата верзија на себе. Уште се откривам себеси. Ако се запознаевме досега, немаше да си се допаднеме. А ти го заслужуваш најдоброто. Те молам почекај ме. Искористи го ова време и работи на себеси. Можеби и веќе сме се запознале, но не сме останале во контакт. 

Знам дека чекаш. Но, јас сум тука. Јас не одам никаде. Не се откажувај од љубовта. Се гледаме наскоро. 

Твојата идна љубов. 

Nike air jordan Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Mnje