Потсетник за љубовта: Вистинската љубов од вас прави тим, а не противници кои постојано се напаѓаат

Никогаш не го заборавајте тоа. Љубовта не треба да биде најголемата компликација во вашиот живот. Таа треба да ве лечи и ослободува, да ви создава насмевка на лицето, да ве прави среќни. Не треба да биде вашиот главен извор на агонија.

Често ги романтизираме кавгите и веруваме и простуваме, но и се жртвуваме за другата личност. Некогаш љубовта е навистина тешка, но таа не треба да биде толку тешка. Вистинската љубов делува лесно и едноставно. 

Таа е како утринско будење, лесна како попладневна дремка, како убава песна и како прошетка во природа. Таа носи повеќе согласување и разбирање отколку кавги, носи поддршка и љубов и доверба. Таа не носи љубоморни сцени и посесивност. Тоа не е љубов!

Вистинската љубов носи борби, но нејзиното јадро не се конфликтите. Таа е фокусирана на хармонија. Таа носи предизвици, но е насочена кон поддршка. Таа има за цел да го извади најдоброто, а не најлошото од вас. За вистинската љубов, вие сте тим, а не противници кои постојано се напаѓаат. 

Не постои ништо подобро во животот од ваквата љубов. Но, можеме да ја запознаеме само ако се ослободиме од тоа што ние го нарекуваме љубов. Можеме да ја откриеме нејзината енергија и долго да чекаме за неа, но таа доаѓа за секој од нас.

Buy Kicks | Air Max