Ако се грижите за некоја личност, покажете и го тоа пред да биде предоцна

Ако се грижите за некого, покажете им дека ги сакате. Тоа воопшто не е тешко, ако она што го чувствувате во себе е вистинско. Тешки се само работите кои не можеме да ги направиме бидејќи во себе не чувствуваме потреба за тоа.

Бидете таму за нив, исполнете ги своите ветувања, дајте им ја поддршката која им е потребна. Бидете само до нив, видете што им е потребно – не бидејќи морате, туку заради тоа што сакате, заради тоа што знаете дека го заслужуваат тоа.

Ако се грижите за некоја личност, оставете го телефонот на страна. Седнете покрај нив и слушајте ги. Прашајте ги што ги прави среќни, а што ги натажува. Дајте им простор да се искажат, слушајте ги внимателно. Потрудете се тоа да биде квалитетно време. Поврзете се со нив. Направете да се чувствуваат како да се центар на светот. Насмејте ги, усреќете ги.

Ако се грижите за нив, покажете им.

Потсетете ги дека секогаш ќе бидете тука за нив. Покажете им дека вистински го мислите тоа. Убедете ги дека можат да сметаат на вас. Само бидете добри за нив, немојте да мислите дека морате да направите премногу. Не дозволете да ги изгубите бидејќи ќе барате нешто подобро. Многу луѓе ја прават таа грешка денес, не дозволувајте и вие да бидете од нив. Не дозволувајте да се каете.

Ако некој ви значи, застанете позади тоа. Бидете искрени. Ако изберете некоја личност, избирајте ја секој ден. Сакајте ги секој ден повеќе. Не барајте маани во нив, видете ги нивните добри страни и сакајте ги поради тоа.

Ако ви значат, покажете им го тоа пред да  биде предоцна.