Сексот е одличен за нашето тело - го подобрува сонот, го зајакнува имунолошкиот систем, согорува калории, ни ја зајакнува самодовербата...
Но, исто така и недостатокот може да доведе до неколку промени.
Што точно се случува со жените кои долго време немале секс?
Тоа е мит во кој жените (не) сакаат да веруваат. Вагината може да се стегне или стесни само ако ви недостасува возбуда.
А, за тоа може да му се „заблагодарите“ на стравот од опуштање, кој е честа појава по долга пауза.
Ако се воздржувате од секаков секс, вклучувајќи ја и мастурбацијата, грчевите пред менструалниот циклус може да се зголемат и засилат. Оргазмите ја намалуваат болката и напнатоста, па јасно е зошто тоа се случува кога ги нема нив.
Сексуалното возбудување ви помага да ја одржите природната влажност на вагината.
Вагината е мускул, и како со сите останати мускули кои ни се „чудни“ кога не ги користиме, истото се случува и ако ви недостасува секс. За среќа, сè се враќа брзо во нормала.
Ако имате долга пауза од сите типови на секс, може да забележите промена во тоа како телото ви реагира на сексуалното возбудување. Тоа не значи дека треба да ја избегнувате паузата, но не би требало и да се плашите од промените кои ќе ги доживеете кога повторно ќе се активирате