6 начини со кои можете да си го подобрите расположението!

Понекогаш се случува расположението да ни опадне без некоја особена причина. Напорната работа, обврските, купот хартии околу нас кои мораме да ги средиме... се тоа влијае врз нашето расположение.

За среќа, постојат начини како да го поправиме расположението.. Еве неколку предлози како да го направите тоа:

1 . Излезете надвор во природа

Голем дел од нашето време го поминуваме помеѓу 4 ѕида, без разлика дали е тоа дома или на работа. Тоа секако влијае на намалување на нашето расположение. Затоа излезете, отидете до најблискиот парк или на планина. Веднаш ќе ја почувствувате разликата.

2. Слушајте среќна и позитивна музика

Музиката дефинитивно многу влијае да се чувствувате подобро и да бидеме позитивна. Направете едно ЦД со среќни песни и чувајте го во автомобилот и наполнете го телефонот со песните кои ве прават среќни и слушајте ги секогаш кога имате прилика.

3. Пронајдете нешто што ве смее

Најдобар начин да се расположите е да се смеете. Најдете нешто што ве смее, без разлика на тоа дали е некоја серија, клипчиња од животни и слично и пуштајте си го тоа секој ден. Не заборавајте да се смеете, тоа е најважно во животот.

4. Гушнете некого

Докажано е дека гушкањето придонесува да се лачат хормони на среќа во организмот, па така што гушкањето е еден одличен и симпатичен начин како да си го подобрите расположението и да им дадете до знаење на луѓето дека ги сакате и почитувате.

5.  Излезете на сонце

Докажано е дека сонцето влијае многу на позитивното расположение и дека депресивното расположение значително се зголемува во месеците кога има помалку сонце. Затоа, не двоумете се секогаш да го користите сонцето кога го има, особено во зимскиот период. Симнете се пред зграда, прошетајте или седнете некаде на кафе. Ќе ви биде подобро.

6. Присетете се на добри спомени

Враќањето на убавите спомени секогаш ни става насмевка на лицето и инстантно може да го поправи лошото расположение. Секогаш кога се чувствувате меланхолични потсетете се на убавите спомени со луѓето што ги сакате. Нема да можете да ја симнете насмевката од лицето.