Така секој ден си се лажев ај не денес, ај утре ќе се јавам да закажам и еве поминаа 5 години откако не сум била на гинеколог. Меѓувреме матичната сама си отворила ординација, многу работи мрднале, а јас не се имам преглдано за да знам какво е моето здравје, за срамота.
Влегов кај докторката ја поздрави за чудо ме имаше запаметено...Ги подмести очилата ја крена главата и ми рече и колку помина од поселдниот преглед кога откри дека си бремена, па 5 години докторке, е фино, фино. Меѓувреме колку пати закажа и отиде на надградба на нокти и фризер...полесно ли се крева слушалка и се даваат 500-1000 денари, отколку тука да се јавиш и да си направиш еден преглед..се засрамив како мало дете.
Ја нведнав главата и `и реков во право сте, нема никакво оправдување....мммм ај да видиме до каде си.....те мачи ли нешто, па овој месец ми доцни менструацијата, да ни била оваа ситуција може ќе почекаше уште некоја година така, ајде ќе земеме брисеви ќе направиме еден ПАП тест бидејќи одамна не си била, кој е и бесплатен еднаш во годината. Да видиме на ехо, да да еве го, честито втор пат мајка ќе станеш....Се израдував го сакав ама не го очекував бев пресреќна...Се насмевна докторка и ми рече е сега барем секој месец со причина ќе те гледам, не ќе имаш многу време за фризер, а и нокти не е препорачливо да ставаш.
Напомена:
Ракот на грлото на матката во Македонија е второ малигно заболување и втора причина за смрт од рак кај жените, по ракот на дојката. Кај нас, секоја година од рак на грлото на матката заболуваат по околу 300 жени, а приближно една половина од нив умираат како последица на оваа болест.
Почетокот на оваа болест е без симптоми и се нарекува предракова состојба. Појавата на првите симптоми се веќе знак за помалку или повеќе напреднат процес, а тоа се нечист, жолтеникав вагинален исцедок, повремено со примеси на крв како и мали крвавења после сексуален однос.
Речиси секој случај на рак на грлото на матката може да се спречи со редовни гинеколошки прегледи (ПАП-тест или ХПВ тест), како и примарно со вакцината против ХПВ.
ПАП-тестот може да открие дали постојат клеточни промени предизвикани од ХПВ-вирусот и предмалигни состојби.
Македонските гинеколози велат дека има жени, девојки, кои никогаш не биле на гинеколог и никогаш не направиле ПАП-тест или ХПВ-тест.