Пациенти со малигни заболувања со месеци чекаат термин за преглед и контрола на болеста

Пациенти со малигни заболувања со месеци чекаат термин за преглед и контрола на болеста. Од здружението „Борка“ алармираа дека жени кои биле оперирани од рак на дојка и по четири месеци чекале термин за мамографија, а имало и случаи кога за ехо преглед се чекало и до една година, пренесе Алфа.

Апелираа до надлежните да се најде итно решение за проблемот бидејќи, како што велат, за овие пациенти секој ден минат во неизвесност може да биде фатален.

Инаку, вчера во Скопје по 10-ти пат се одржа традиционалната прошетка „Напред розово“ на која учествуваа жени со рак на дојка, веќе излечени пациенти, но и граѓани поддржувачи. Целта на прошетката е да се подигне свеста кај жените за редовни прегледи и рана дијагностика на болеста, со што би им се овозможило и успешно лекување