5 знаци дека сте во врска со човек кој му штети на вашето ментално здравје

Кога човек ќе влезе во врска, се надева дека таа врска ќе биде здрава, исполнета со љубов и разбирање. Но, не секогаш го добиваме тоа што го посакуваме.  Понекогаш се случува човек да влезе во магичен круг од кој тешко може да излезе, врска која наместо да го исполнува и прави посреќен, го прави несреќен и врска која може да му наштети на менталното и емотивното здравје.

Следниот пат кога ќе влегувате во врска, бидете многу внимателни на овие 5 знаци

1 . Постојано ги преиспитувате своите чувства и мисли

Ако постојано се преиспитувате и се плашите дека сте пречувствителни или драматизирате, на крајот ќе ја изгубите вашата самодоверба и тоа ќе доведе до тоа да премолчувате и во ситуации кога ќе треба да застанете во сопствената одбрана и кога ќе морате да го подигнете гласот и да изреагирате. Ова може да води кон молчаливост и губење на вербата во самите себе, а таа никогаш не треба да ја изгубите.

2. Постојано барате изговори за нивното однесување

Да, понекогаш сите имаат причини зошто се однесуваат така, но не смеете да дозволите постојано да барате изговори само за да оправдате нечие лошо однесување кое води кон тоа вие да се чувствувате непочитувано, омаловажено или повредено. Ако постојано се случува тоа, тогаш едноставно нема изговор за тоа однесување и морате да го прекинете тоа на време. Не сте должни да бидете со некој кој постојано прави да се чувствувате лошо, па и назгора да наоѓате начини за да го оправдате.

3. Сметате дека немате право да се чувствувате така како што се чувствувате

Секој има право да се чувствува на одреден начин, посебно ако за тоа е задолжена друга личност која прави да се чувствувате на одреден начин. Никогаш не смеете да ја оставите вашата сила во нечии други раце и да мислите дека тој е одговорен и може да прави што сака и да прави да се чувствувате како што тој сака, а вие немате право да чувствувате лутина, разочараност или тага. Го имате тоа право и тоа право директно произлегува од начинот на којшто другата страна се однесува кон вас.

4. Постојано чувствувате анксиозност, страв или лутина кога комуницирате

 

Ако во текот на целиот однос со некоја личност не можете да се опуштите и постојано сте собрани, стиснати и се чувствувате тажни и мали, тогаш тоа е црвен аларм кој морате да го послушате и да прекинете. Ако не можете еден разговор да направите без да се чувствувате тажни, анксиозни, лути или исплашени, тогаш тоа не е личност која ви треба во вашиот живот. Комуникацијата е многу важна, таа понекогаш заглавува и тоа е процес на којшто треба да се работи, но генерално треба да тече и да се одвива нормално, а не постојано да се чувствува тензија.

5. Постојано се обидувате да поправите нешто во односот без значителен успех

Секоја врска е двострана. За да успее, мора да постои напор од двете страни. Тешкотии и предизвици ќе има секогаш, но тие со доволно напор можат да се надминат. Сепак, ако вие сте секогаш страната којашто се труди нешто да поправи, тогаш вашите заложби се залудни од старт. Ако другата страна не се труди заедно со вас да работи на вашиот однос и не го цени тоа што го правите и тоа што се трудите да ги поправите работите, тогаш најубаво е да го завртите грбот и да ја напуштите таа врска засекогаш.