4000 чекори дневно: Најдобар лек за превенција од многу болести

Сите сме свесни за придобивките на пешачењето за нашето здравје.

Photo by Noémi Macavei-Katócz on Unsplash

Но, постојано слушаме различни совети за бројот на чекори кои ни се потребни за да бидеме здрави. Едно ново истражување посочува дека доволни се барем 4.000 чекори во текот на денот.

Во рамки на ова истражување, истражувачите ги анализирале податоците од 17 студии и се обиделе да донесат главни заклучоци кои се базираат на активноста на луѓето. Било утврдено дека дури и 4000 чекори дневно се доволни за да се намали ризикот од прерана смрт, вклучувајќи ги и кардиоваскуларните заболувања.

Photo by Arek Adeoye on Unsplash

Тоа во пракса би значело 30-45 минути прошетка, односно барем два километри. Авторот на студијата др. Сет Шеј Мартин, кардиолог во Болницата Џон Хопкинс вели дека тоа е основата, односно минимумот, а ние секогаш треба да се стремиме за повеќе. Според него, тоа е најдобриот лек кој може да им се препише на луѓето за лечење, но и превенција на многу болести.