3 услови кои треба да ги исполнува секоја врска

Во секоја добра врска треба да се чувствувате добро. Ако мислите дека тоа е логично и нормално, размислете подобро. Дали во сите досегашни врски се чувствувавте добро? Дали останувавте во врските во кои се чувствувавте лошо? 

Многу често измислуваме милион оправдувања за останување во лошите врски, а на крајот ниту една од нив не се покажува како оправдана. 

Кои се условите кои треба да ги исполнува секоја врска.

Во добрата врска треба да се чувствуваме слободно

Тоа е она чувство на олеснување дека конечно сме со личноста која ни одговара и со која можеме да бидеме тоа што сме. Тоа е личноста пред која не мораме да глумиме, ниту пак личност која ни поставува услови дека треба да бидеме некакви. Слобода е кога сме сакани такви какви што сме и сметани за посебни од страна на личноста која ја сакаме. Секој во врската го заслужува тоа и немојте да мислите дека тоа е некаков подарок. 

Добрата врска ни нуди предизвици

Добраёта врска поттикнува развој на личноста и нè тера да бидеме подобри, поупорни, потолерантни, посмирени и поискрени. Сето тоа нè прави подобри личности. Во добрата врска, партнерите се предизвик еден за друг. Во врската не би требало да се чувствуваме како да сме завршиле и како да немаме каде да бидеме.

Добрата врска е едноставна

Да, тоа е спротивно од сложеноста. Едноставно, тоа значи дека се сакате еден со друг и дека двете личности знаат дека се сакани и поакувани. Тоа воопшто не е комплицирано – се сакате и работите на заедничката корист, а не на штета. Ги покажувате чувствата на многу мали и големи начини, покажувате припадност, грижа и почитување. На тој начин вие сметате еден на друг и верувате во себе и во врската. Едноставно е, навистина!