Бездомник пронајден починат во центарот на Скопје

Починат бездомник пронајден вчера претпладне во центарот на Скопје. 

Како што соопшти полицијата во дневнито билтен, вчера во 11.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект во изградба на подрачје на Центар било пронајдено починато машко лице – бездомник. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.