Две лица се повредени: Се судрија полициска „шкода“, „туран“ и „порше кајен“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“, пред крстосницата со ул.„Џон Кенеди“ и бул.„Христијан Тодоровски Карпош“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, патничко возило „порше кајен“, управувано од Е.С.(29) од Скопје и патничко возило „фолксваген туран“, паркирано од А.С.(34) од с.Кондово, скопско, и двете со скопски регистарски ознаки.

- Во незгодата со телесни повреди се здобиле Е.С. и А.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, известени се ОВККИПС.