Студот ја зема првата жртва во Скопје

Ниските температури длабоко под нулата и студот ја земаа првата жртва во Скопје. Станува збор за бездомникот Ј.Т. чија смрт ја пријавил неговиот другар исто така бездомник.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека утрово во 9,27 часот А.Ј. кој е вработен како чувар на објект во близина на поликлиниката „Јане Сандански“ пријавил дека кај него на работното место дошол бездомникот Ј.Т. и го информирал дека починал неговиот другар исто така бездомник со иницијали Ј.Т.

Од Итната медицинска помош констатирале смрт. По наредба на јавен обвинител телото предадено на судска медицина за обдукција.