Бездомник пронајден починат кај Зелено пазарче (фото)

Повозорасен бездомник утрово е пронајден починат на плочникот кај месарницата пред Зелено пазарче во Скопје.

Екипата на Плусинфо стаса во моментот кога од погребалното претпријатие „Бутел“ го подигаа телото на бездомникот.

На местото имаше и полиција, како и лекар кој ја констатираше смрт.

Пазарџиите коментираат дека го познавале бездомникот и дека тој речиси секојдневно се движел околу пазарчето во центарот на Скопје.

Како што информираа од полицијата за Плусинфо, станува збор за 50-годишен маж, а случајот во полиција бил пријавен во 6.30 часот.