Маж бил физички нападнат од својата партнерка, интервенирала полицијата

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 09.15 часот во СВР Скопје, 49-годишен маж пријавил дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат со тврд предмет од неговата партнерка Ј.С.(48) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.