Приведен скопјанец: Со тврд предмет го нападнал својот 76-годишен татко

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 21.30 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(52) од Скопје.

- Тој околу 12.30 часот физички го нападнал неговиот 76-годишен татко, а при нападот употребил и тврд предмет, стои во полицискиот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.