Вознемирувачко видео: Тело на мртва жена 3 дена се распаѓа сред Скопје

Тело на мртва жена два дена стои кај мостот близу Скопски саем. Семејството ја пронашло 35-годишната Весна Станковиќ почината завчера во шест часот наутро.

Телото на глувонемата жена стои надвор пред импровизираното живеалиште и веќе е во фаза на распаѓање, а топлото време уште повеќе допринесува на тоа. Уште оддалеку се чувствува непријатен мирис, а стаорците веќе почнале да го јадат телото.

Тоа се случува под мостот кој од МРТВ води кон населбата Аеродром, на фреквентно место каде што постојано поминуваат луѓе и возила. Тие неможат да ја погребаат, таа е српски државјанин, а македонскиот пасош и бил во фаза на изработка.

Последните иноформации се дека денеска телото е однесено во погребалното претпријатие АД Бутел.