“Зошто да ја разрешам Бесија?“ праша Демири за директорката на Токсикологија

Министерот за здравство, Илир Демири, изјави дека нема намера да ја разреши директорката на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази, и покрај скандалите од последните месеци.

„Зошто да ја разрешам? Бесија не ги вработила тие 18 лица; тие се вработени во 2023 година. Каде бевте вие и другите директори и министри за да се грижите за квалитетот? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список за дежурства и смени, а месец дена пред изборите реагирате? Имам факти дека медицинскиот директор и неговиот колега, кои правеа мобинг, ги разрешив. Каде беше ДСЗИ кога тие пет месеци не примаа плата? Тие работеле 12 месеци, каде бевте да прашате за одговорност? Бесија не го прекршила законот. Кога ќе го прекрши, ќе ја разрешам. Каде е ДСЗИ со извештај за случувањата во хируршките сали?“ изјави Демири.

Министерот исто така објави дека е разрешен директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Марјан Шокаровски, поради зголемената смртност на клиниката.