Сончево и топло денеска, но има и најави за дожд на одредени подрачја

Денеска ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во следните два дена во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува стабилно и многу топло време, најавуваат од УХР.