По пеколот доаѓа освежување - УХРМ со вонредно метео предупредување

Утре, во ноќните часови, и в петок под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Во Скопје, утре, во ноќните часови, и в петок, особено претпладне, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и со услови за краткотрајно невреме.