Познатиот македонски актер станува министер

Познатиот актер Зоран Љутков ќе биде нов министер за култура и туризам. 

Ова вчера го соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата Влада Христијан Мицкоски. 

Согласно новите реформи некои од ингеренциите што ги имаше Министерството за економија, особено во делот на туризмот, сега ќе бидат присоединети во новото министерство – министерство за култура и туризам со кое ќе раководи Љутков. 

Љутков е роден на 1. октомви 1977 година во Велес.

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (2001), а потоа запишува постдипломски студии за сценски дизајн на Универзитетот во Белград, Србија.

Работи во Драмски театар од 2006, каде покрај актерскиот ангажман ја извршува и функцијата уметнички раководеител (2010-2014). Покрај настапите на матичната сцена, Љутков настапува и на сцените на останатите национални установи и независни театарски сцени во Р.Македонија. Кај детската публика е препознатлив по улогата на Комшо од телевизискиот серијал Петко. Селектор за драмската програма е на Меѓународниот Фестивал „Охридско лето“. 

Добитник е на бројни награди меѓукои: Награда за млад актер „Трајко Чоревски”, за улогите во претставата „Синдром Чернодрински” на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2002); Награда за најдобра машка улога за улогата на Цанде во претставата „Солунски патрдии“  на Првиот Интернационален Фестивал „Гола Месечина” – Општина Аеродром (Скопје, 2014) и други. 

Љутков е женет и е татко на две деца. 

Кој се ќе ја сочинува новата Влада погледнете на следниов ЛИНК.