Жителите на Расадник утре излегуваат на протест за повеќе зелени паркови

Во Расадник, спротивно од што сугерира името, наместо зеленило и дрвја, постојано никнуваат планови за нови згради.

Во овој реон веќе има прилично нов комплекс на згради, но според ДУП-овите, се планира да се градат уште повеќе, а со тоа да се изгуби и онаа малку зелена површина која останала.

Поради тоа, граѓаните утре во 18 часот ќе излезат на протест, кој ќе започне пред познатото Гет Кафе.