Кисела Вода почнува со изградба на ново училиште во Драчево и нова градинка во Расадник

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека наскоро општината почнува со изградба на ново училиште во Драчево и нова градинка во Расадник каде е веќе распишан огласот за најповолен понувач.

- “Во текот на овие две години интензивно работиме на обезбедување на дополнителен простор за сместување на деца во градинките, отворивме две нови, во тек на градба е уште една нова градинка, го проширивме капацитетот на повеќе постоечки објекти. Ова резултираше со значително намалување на листите за чекање на кои на почетокот имаше над 400 деца, а сега има двоцифрена бројка“ напиша Ѓорѓиевски

Новата градинка во населбата Расадник ќе се протега на површина од 790м2, и целосно ќе ги затвори листите на чекање во општината, додека новото училиште ООУ Св. Климент Охридски, ќе биде сосема нов објект, модерен, со површина од 5000 м2.