Зејтин има, но колку ќе поскапува - стравуваат грѓаните!

Масло за јадење има, но колку ќе поскапува во блиска идина со оглед на најавената инфлација, е прашањето од кое стравуваат граѓаните. 

-Во земјава нема проблем во делот со снабдување и производство на масло за јадење, изјави вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој истакна дека министерството е редовно во контакт со трите домашни производители на масло за јадење и, како што вели, ако е потребно ќе донесат дополнителни мерки за да се ублажи притисокот во делот на зголемување на цените.

На социјалните мрежи се појави фотографија која укажува дека цената на зејтинот повторно е во пораст. Дел од граѓаните наишле на зејтин од 900 мл, по цена од 117 денари, па тоа го споделија, пропратено со бурни реакции. 

„Ценометар“ покажува зејтинот во изминатите две седмици се продавал по цена од 87 до 99 денари, зависно од маркетот и брендот.