90 денари за килограм банани, кашкавал нема поевтин од 500 денари - ова се цените низ скопските маркети

Иако имаше ветувања од надлежните за поевтинување на цените на прехрамбените продукти, во пракса цените низ скопските маркети и натаму високи. 

Според најновите податоци на Ценометар поевтинување има кај маслото за јадење и кај млекото. 

Бананите и лимонот и натаму „држат“ цена. Најевтини се во Стокомак и Кам, додека во останатите скопски маркети се продаваат по цена од 89, па дури и 90 денари за килограм банани, а лимонот, за 79, 85 денари.

Табла јајца чини околу 280 денари. Млекото е со цена од 72-82 денари, зависно од производителот.

Кашкавал нема поевтин од 500 денари за килограм, мелено месо нема поевтино до 330 денари.

Рибата ослиќ се движи од 155 – 225 денари за килограм низ маркетите.

Намалување има на цената на маслото за јадење.Односно сега може да најдете шише зејтин и по цена од 106 денари.