Цените на храната „скокаат“ за минимум 20 денари - народот негодува

Секоја нова посета на маркетите, нов шок за граѓаните. 

Основните прехранбени намирници поскапуваат од ден на ден, и тоа не за денар или два, туку за минимум 20 денари, негодуваат граѓаните. 

-Јајцата од 64 денари, на 92 денари. Да во светски рамки е криза, но во другите држави не се со плата од 300 евра, односно на оваа цифра имаат уште една нула, коментира еден граѓанин кој воедно споделува дека 10 јајца се со цена, во наши пари, од 82 денари во Данска, во Копенхаген, во маркетот Фотекс. 

-На Малта 10 јајца се продаваат за едно евро, надополнува друг граѓанин. 

-Пред една година трошевме 400 евра месецот за јадење, сега тришиме 500-550. И тоа зборувам за основни прехранбени намирни и и хигиенски средства за домот, никакви луксузи, коментира една скопјанка. 

Јавноста е револтирана и за цената на зејтинот од ист производител кој за период од неколку недели од 85 денари се покачи на 134 денари продажна цена во маркетите.