Заштитете се навреме: Зимски рецепт за борба со вирусите

Еве еден рецепт за напивка од тиква за моќно варење на храната и за зајакнување на имунитетот:

Состојки: 4 чаши природен кефир (од кефирни габи), 150 г сварена и испасирана тиква, 1 лажица природен мед.

Приготвување: земете 4 чаши кефир (околу 8 дл) и 150 г сварена и испасирана тиква. Добро измешајте, па додајте лажица природен мед. Ова е навистина одлична напивка која има извонредно дејство врз органите за варење, го забрзува метаболизмот и го зајакнува имунолошкиот систем на целото тело.