За поголема безбедност: Нова сигнализација на платото кај „Mлечен“ (фото)

-Да ги почитуваме новопоставените знаци и да не се движиме со моторни возила на платото на „Млечен“.За поголема безбедност на сите граѓани!, апелираат од општина Карпош.

Во соработка со СВР Скопје, Градот Скопје и сообраќајни инженери, во дел од општина Карпош, се воведе „зона 30“ со што  се ограничи брзината на движење, внатрешно во населбата.

Зоната 30 се однесува на сервисните улици во населбата Карпош 4, а воведе за да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот, особено пред основните училишта и градинките во Карпош 4, но и да се намали сообраќајниот метеж пред ТЦ Сити Мол!Општина Карпош постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација низ сервисните улици во урбаната заедница Карпош 4.