Се обновува хоризонталната сигнализација во дел од Аеродром

Деновиве се обновува хоризонталната сигнализација по целата должина на улицата „23 Октомври“, како и во непосредна близина на ОУ „Браќа Миладиновци“ во населбата Острово, во општина Аеродром. 

Се обележуваат пешачките премини и направите за забавување на возилата со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

- Особено се грижиме за нашите најмали, поради што изминатиот период ја обновивме вертикалната и хоризинталната сигнализација околу поголем број основни училишта и детските градинки, велат од општина Аеродром.