Активности за безбеден сообраќај во Аеродром - еве каде се работи

Продолжува обновата на вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација во Реонскиот центар во скопска општина Аеродром.

Екипите на Општина Аеродром деновиве работеа во близина на трговскиот центар „Лиса“, како и на сервисните улици и паркинзите.

-Во изминатиот период беше целосно обновена сигнализацијата пред основното училиште „Александар Македонски“ и градинката „Сонце“ во овој дел од Аеродром. Интензивно работиме на зголемување на безбедноста во сообраќајот и апелираме да се почитуваат пропишаните правила, информираат од општина Аеродром.