Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“, пренесува Макфакс.
Според очевидци едно лице од силината на ударите паднало во бесвест и со возило на брзата помош било пренесено во болница.
Од видеото се гледа дека како четири лицаа бегаат од местото со автомобили. Очевидци велат дека слушнале викање и женски глас како бара помош.
Полицијата е на терен.