Драма во Аеродром: Грабнат и претепан скопјанец - му забраниле да оди на лекар и во полиција

Скопјанец преживеал хорор, откако бил грабнат од неговиот дом, физички малтретиран, а му било забрането да оди на преглед на лекар и во полиција. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, К.Б.(34) од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач.

- Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле, информираат од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.