Возач е тешко повреден, со „пунто“ удрил во паркиран „голф“ и трактор во Злетово

Вчера во СВР Штип било пријавено дека во 11.00 часот на улица „Македонија“ во Злетово, патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот Т.М., удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, сопственост на М.П. и во паркиран трактор „имт“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на К.Г., сите од Злетово, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Т.М., констатирани во Здравствен дом Злетово, соопшти МВР.

По овластување на јавен обвинител, бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.