Малолетник од Велес се сомничи дека крадел пари и мобилен телефон.
На 14.06.2024 во 09.00 часот во СВР Велес, во присуство на старател, бил извршен службен разговор со малолетник од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во разлицни апоени и мобилен телефон за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“, информираа од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе следува соодветен поднесок.