Кумановец со уцени и закани изнудил 16.000 евра од 47-годишна жена

Во Куманово е приведен 37-годишен кумановец кој со уцени и закани изнудил 16.000 евра од негова сограѓанка и од нејзиниот сопруг.

„На 14.06.2024 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(37) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 47-годишна жена од Куманово и нејзиниот 49-годишен сопруг и дека од декември 2022 година до 13.06.2024 со уцена од жената изнудил околу 16.000 евра“, информираат од МВР. 

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.