Во Скопје денеска тешко се дише, повторно е меѓу најзагадените градови

Скопје денеска претпладне повторно се најде на второто место на најзагадените градови во Европа и на третото место во светски рамки, според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.

Со индекс на квалитетот на воздух од 172, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето, а полош воздух од македонскиот главен град во светот е регистриран само во Сараево и Њу Делхи.

Најновите податоци од Министерството за животна средина покажаа дека дури 45% од аерозагадувањето го предизвикуваат домаќинствата кои се греат на влажни дрва и производи од обоено дрво. Истакнаа дека за подолгорочни мерки, Владата ќе им помага на општините.