Скопје повторно „лидер“ во аерозагадување - Носете маски!

Со индекс 156, Скопје утрово е на прво место на ранг-листата за загаденост на воздухот во Европа, а 11-ти во светот според податоците на страницата која го објавува нивото на загаденост на воздухот во светските метрополи, „Iqair.com“.

Пред Скопје се само Лахор, Делхи, Дака, Вухан, Калкута, Карачи, Катманду, Акра, Чонгкинг и Чегду. Единствен европски главен град кој може да „парира“ на Скопје е Сараево кој е на 14-то место со индекс од 144.

Според податоците на страницата „Waqi“, најзагаден воздух во Скопје се дише во Гази Баба, Тафталиџе и Ѓорче Петров.

Пораки за заштита од згаадениот воздух во Скопје со носење на заштитна маска се шират на социјалните мрежи. 

- Во просек, загадувањето на воздухот е 10 пати повисоко од она што го пропишува Светската здравствена организација. Заштите се, алармираат еко-активистите.