Дури 18 конкретни прашања кои ги таргетираат темите од екологијата, заштитата на човековото здравје кое може да биде нарушено поради загадувањето, менување на навиките и поставување инфраструктура за контролирано отстранување на отпадот без последици, отстранување на бездомните кучиња од улиците и слично јавно поставија повеќе организации чиј фокус е екологијата, пред претстојните парламентарни избори, до оние кои би ја воделе државата во следните четири години.
Повеќето прашања се истите оние кои ги мачат граѓаните со години. Се изначекавме некој да се зафати со чистење, со спроведување одржливи еколошки политики, со спроведување проекти за почиста животна средина, со нагласок на спроведување. Затоа што леигслатива има, планови има, проекти има, но како да нема кој да ги спроведе. Ниту е поставена соодветна инфраструктура, ниту некој ги засукал ракавите да почне да работи, велат од невладниот сектор.
„Ние од граѓанските иницијативи, независните иницијативи кои учествуваа на локалните избори и еко-здруженијата со досегашното делување стекнавме искуство, но и големо знаење за состојбите и потребите за промени. Неброено пати ги повикувавме институциите за да бидеме заедно на страната на промените, за да се подобрува, унапредува и да се обезбеди квалитетен живот на сите граѓани.
Затоа денес до политичките партии учесници на изборите доставуваме 18 прашања на кои наместо флоскули и демагогија очекуваме конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. Само така ќе бидеме убедени дека се знае како да се променат работите, а не само да се ветува без план!
Скоро 70% од законите се спроведуваат на локално ниво, во нашите општини. На прагот сме на парламентарни избори, а одлуките кои следните парламентарци ќе ги носат, директно ќе влијаат и на политиката на локално ниво.
Ние на овие избори не учествуваме директно, но и ние и останатите граѓани гласаме. И сакаме информирано да гласаме!
Одговорите од партиите ги очекуваме до 2 мај, велат оттаму.
Јавно и во целост ќе ги објавиме пред гласањата на 8 мај за да бидат патоказ, но и обврска за периодот кој следи.
Како граѓани, имаме право на одговори за клучните прашања поврзани со:
Нашите заложби се јасни: транспарентно, чесно, законито и правично општество за сите, политики кои ги штитат граѓанинот и јавниот интерес, обезбедуваат и стимулираат активно граѓанско вклучување и обезбедуваат здрава животна средина и подеднакви квалитетни услуги за сите граѓани низ државата.
Во исчекување сме да ги чуеме конкретните одговори од учесниците на изборите. Од нивниот одговор зависи и нашиот одговор на гласањето, велат од повеќе невладини организации чиј фокус е екологијата.
Прашањата ги потпишуваат:
Граѓанска иницијатива Шанса за Центар – Скопје
O2 Иницијатива
Граѓанска иницијатива Зелен хуман град – Скопје
Граѓанска иницијатива Зелените од Гази Баба – Скопје
Граѓанска иницијатива Независни за Карпош – За заштита на Карпош- Скопје
Граѓанска иницијатива Заедно за промена – Скопје
Граѓанска иницијатива Стига е – Струмица, Босилово, Ново Село
Граѓанска иницијатива За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода – Скопје
Граѓанската иницијатива Грин.Орг – Кочани
Граѓанската иницијатива Охрид SOS - Охрид