Зелен Хуман Град не ја прифаќа програмата за заштита на животната средина на Град Скопје.
- Замислете, во целата програма имаме само една активност за заштита на воздухот во Скопје, а тоа е бесплатен јавен превоз во денови на висока загаденост. Толку! - порача советникот од ЗХГ во Советот на Град Скопје Горјан Јовановски.
- Па очигледно сме полуделе доколку мислиме дека тоа е решението на овој проблем што во наредните 10 години ќе одземе 123.500 животи во Македонија! Во Скопје, тоа се 61.750 животи, колку што има жители во Општина Карпош. И тоа Град Скопје планира да го реши со бесплатен јавен превоз кога е загадено? - праша тој.
ЗХГ достави уште пред една година листа на предлози, истите повторнo и во ноември биле доставени, но Град Скопје не е заинтересиран за да го направи своето во заштита на животната средина.
- Потрагична да биде целата ситуација, дофрлањата од советниците приврзани со градоначалничката и советниците на СДСМ дека мерките не биле применливи или комплицирани покажува колку овој совет и град не сака да верува на науката и студиите за решавање на проблемот со загадување, рече Јовановски.