Витаминска вода која ќе го разбуди вашиот метаболизам

Различни витамински води кои се во продажба всушност се полни со скриени засладувачи кои само му прават штета на организмот. Но, добрата вест е дека ваква витаминска вода можете да подготвите дома и тоа само за неколку минути. Вашето тело и кожа ќе ви бидат благодарни.

Потребни состојки:

2 л вода

1 лажица изрендан ѓумбир

1 краставица (сецкана на кругчиња)

1 лимон

12 ливчиња нане

Начин на подготовка:

Подгответе ги сите состојки и ставете ги во еден бокал, во кој претходно имате ставено 2 л свежа вода. Оставете ја водата во фрижидер да отстои 8 часа. Пожелно е тоа да биде во текот на ноќта.

Состојките во оваа витаминска вода имаат одлично дејство на телото и кожата, а особено на стомакот бидејќи го поттикнуваат варењето и работата на метаболизмот.

Лимонт е одличен поради количеството витамин Ц кој го содржи и на тој начин ја поттикнува работата на црниот дроб, орган кој е одговорен за прочистување на организмот.

Краставицата содржи 90% вода и одлична е за детоксикација на телото и убава кожа.

Ѓумбирот помага во одржување на гликемискиот индекс под контрола, а воедно ги олеснува грчевите и помага против мачнини.

Нането го стимулира согорувањето на масни наслаги, помага во елиминација на токсините и ги смирува болките во стомакот.

Освен овие состојки, можете да користите и различни плодови и билки кои не содржат пестициди.