Чудо во чаша: Пијалок со тајна состојка кој ја лекува болката во мускулите

Без разлика на тоа дали сте претерале во теретана или закрепнувате од сезонска настинка, потребен ви е ефективен „подигнувач“ на енергијата. За уморните мускули и воспалението во телото ќе се погрижи природниот антибиотик – ѓумбирот, кој најдобро е да го измешате во вкусен пијалок.

Ѓумбирот е моќен азиски зачин кој го збогатува вкусот и аромата на повеќе јадења. 

Но, истовремено тој е преполн со хранливи материи – го нарекуваат дури и природен антибиотик – кои го забрзуваат закрепнувањето од настинка и грип, но и ве ослободуваат од болката во мускулите предизвикана од вежбање и трчање.

Нутриционистите советуваат зголемување на конзумацијата на овој горчлив корен во есенските и зимските денови, а готвачите советуваат да го додадете во месото и рибата, како зачин во салатите или чорбите, или со него да подготвите вкусен пијалок.

Пијалок со ѓумбир за закрепнување на организмот:

Состојки: 

» 200 мл бадемово млеко
» ½ банана
» ½ круша
» 200 мл грчки јогурт
» 1 лажица рендан свеж ѓумбир
» 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка: 

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте ги една минута. На здравје!